Турција почна да ги депортира во нивните матични земји, терористите членови на ДЕАШ

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли соопшти дека еден член на терористичката организација ДЕАШ, американски државјанин, чии законски постапки се завршени, е депортиран од Турција

1304063
Турција почна да ги депортира во нивните матични земји, терористите членови на ДЕАШ

Турција почна да ги депортира во нивните матични земји, терористите членови на терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли соопшти дека еден член на терористичката организација ДЕАШ, американски државјанин чии законски постапки се завршени, е депортиран од Турција.

Чатакли ја сподели следната информација: „Во центрите за враќање назад се подготвени програмите за патување на 7 терористи со германско државјанство, тие ќе бидат депортирани на 14 ноември. Еден терорист со данско државјанство пак, со ставање во примена на судскиот процес во текот на денот ќе биде испратен во својата земја.“

Инаку, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава минатата недела во врска со предавањето на членовите на терористичката организација ДЕАШ на нивните матични земји за коешто се дискутираше, обраќајќи им се на западните земји го рече следното: „Од понеделник почнуваме со предавање на членовите на ДЕАШ на нивните матични земји чии се државјани. Ние ќе ги испратиме во вашите земји членовите на ДЕАШ, било да ги извадите од државјанство, или не. Правејте што сакате. Вие самите знаете како ќе положите сметка за тоа пред вашите граѓани. Ние не сме ничиј хотел за сместување на членовите на ДЕАШ.“



Слични вести