Турција изрази загриженост од случувањата во Боливија по оставката на претседателот Моралес

МНР на Турција објави соопштение во кое се истакнува дека се следат со загриженост случувањата во Боливија коишто резултираа со оставка на претседателот на оваа латиноамериканска држава Ево Моралес

1304380
Турција изрази загриженост од случувањата во Боливија по оставката на претседателот Моралес

Турција соопшти дека ги следи со загриженост случувањата во Боливија коишто резултираа со оставка на претседателот на оваа латиноамериканска држава Ево Моралес.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Турција му придава значење на принципот управите да доаѓаат на власт со демократски процеси. Во тој контекст, со загриженост ги следиме случувањата во Боливија кои резултираа со оставка на претседателот на државата Ево Моралес.“

Во соопштението се упатува повик за намалување на затегнатоста во земјата, враќање на животот во нормала и профункционирање на демократијата во правец на изборот на боливискиот народ, а воедно се нагласува желбата за воспоставување на мирот, спокојството и стабилноста по пат на наново одржување на избори.

Инаку, по одржаните претседателски избори на 20 октомври во Боливија опозицијата тврдеше дека „имало измама“, по што страните (власта и опозицијата) ги повикуваа своите поддржувачи на улични протести.

Опозиционерите кои по објавувањето на резултатите од дискутабилните избори со денови бараат поништување и наново одржување на изборите, веднаш по изјавата на Ево Моралес дека изборите ќе бидат повторени, потоа соопштија дека протестите ќе продолжат сѐ додека не се одржат избори на кои нема да учествува Моралес.

Вчера пак, началникот на боливискиот Генералштаб Вилијамс Калиман, со соопштение кое го прочита преку телевизијата во живо ја побара оставката  на Моралес.

Потоа откако претседателот на државата Ево Моралес соопшти дека поднесува оставка беше издадена одлука за негово апсење.



Слични вести