Терористите на ПКК/ЈПГ во последните 24 часа извршија 19 провоцирачки/вознемирувачки напади

Министерството за национална одбрана соопшти дека терористите на ПКК/ЈПГ во последните 24 часа извршија вкупно 19 провоцирачки/вознемирувачки напади врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфат, во североисточниот дел на Сирија

1304268
Терористите на ПКК/ЈПГ во последните 24 часа извршија 19 провоцирачки/вознемирувачки напади

Терористите, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во последните 24 часа извршија вкупно 19 провоцирачки/вознемирувачки напади со хаубици, возила бомба и дронови врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно до реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во споделеното соопштение на сметката на Министерството за национална одбрана Твитер се истакнува дека од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) целосно се почитуваат постигнатите спогодби во правец на воспоставување на мировниот коридор во североисточниот дел на Сирија.

Во соопштението се привлекува внимание дека продолжуваат провокациите на терористите, членови на сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК/ЈПГ врз подрачјето на операцијата Извор на мирот и се вели следното: „Терористите во последните 24 часа извршија вкупно 19 провоцирачки/вознемирувачки напади со хаубици, возила бомба и дронови.“



Слични вести