Претседателот Ердоган, на покана на Трамп, утре ќе отпатува во посета на САД

Во рамките на посетата, претседателот Ердоган во Белата куќа во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Трамп со кого најпрвин ќе оствари средба лице в лицеа, а потоа двајцата претседатели ќе претседаваат и на меѓуделегациските разговори

1304417
Претседателот Ердоган, на покана на Трамп, утре ќе отпатува во посета на САД

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп, утре ќе отпатува во посета на САД.

Ердоган оваа своја работна посета на САД ќе ја оствари во текот на два дена 12 и 13 ноември (утре и задутре).

Во рамките на посетата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Белата куќа во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп со кого најпрвин ќе оствари средба лице в лицеа, а потоа двајцата претседатели ќе претседаваат и на меѓуделегациските разговори.

На средбите и разговорите, ќе бидат разгледани со сите нивни аспекти билатералните односи помеѓу Турција и САД.

Освен тоа, ќе се разговара за консултирањето на регионални и глобални прашања на чело со Сирија, а воедно ќе се стои на конкретните чекори коишто би можеле да се фрлат за зајакнување на солидарноста, соработката и координацијата во борбата против секој вид тероризам.

Претседателот Ердоган во рамките на своите средби и разговори ќе има свое обраќање пред бизнисмените на состанокот чиј домаќин ќе биде Трговската комора на САД, а исто така ќе го посети Американскиот центар за верски прашања во сојузната држава Мериленд, а се планира да се состане и со турските граѓани, Американците од турско потекло и со претставниците на муслиманската заедница во САД.



Слични вести