Повик од претседателот Ердоган до граѓаните за поддршка за посадување денеска на 11 милиони фиданки

Претседателот Ердоган на својот провил на Твитер со етикетата „#11 милиони фиданки“, соопшти дека на 11 ноември (денеска) како ден кој е прогласен за Национален ден за пошумување, во 2.023 места во 81 град низ земјата ќе бидат посадени 11 милиони фиданки

1303868
Повик од претседателот Ердоган до граѓаните за поддршка за посадување денеска на 11 милиони фиданки

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се очекува помош од граѓаните по повод акцијата за посадување на 11 милиони фиданки во 81 град „за зелена Турција“.

Ердоган во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер со етикетата „#11 милиони фиданки“, соопшти дека на 11 ноември (денеска) како ден кој е прогласен за Национален ден за пошумување, во 2.023 места во 81 град низ земјата ќе бидат посадени 11 милиони фиданки.

Претседателот Ердоган во својата објава напиша: „За проширување на љубовта кон дрвото и шумата, за да им оставиме на нашите деца во наследство една позелена Турција, ја очекуваме силната поддршка на сите наши граѓани.“



Слични вести