Денеска, на Националниот ден на пошумување во 81 град во Турција ќе бидат засадени 11 милиони фиданки

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека за 17 години се засадени 4,5 милијарди фиданки и површините покриени со шума од 20,8 милиони хектари се зголемени на 22, 6 милиони хектари

1304166
Денеска, на Националниот ден на пошумување во 81 град во Турција ќе бидат засадени 11 милиони фиданки
orman agac.jpg
erdogan.jpg

Во рамките на акцијата по повод Националниот ден за пошумување, денеска во 81 град во Турција ќе бидат засадени 11 милиони фиданки.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така учествуваше во програмата (акцијата) по повод Националниот ден за пошумување којашто е организирана во местото Чакирлар во населбата Батикент во Анкара.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган нагласи дека се има за цел да се изнесе на виделина фотографијата на една смарагдно зелена Турција и истакна дека големата заинтересираност којашто е покажана кон манифестацијата  ги надмина целите и е претворена во кампања која ќе служи за пример за светот.

Ердоган напомена дека рекордот денеска ќе се следи во градот Чорум од страна на надлежните на Гинесовата книга на рекорди и постигнатиот рекорд ќе биде регистриран од нивна страна.

Нагласувајќи дека членовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК ги палат безмилосно шумските површини во голем број места во земјата, во Бодрум, Мармарис, Измир, Анталја, претседателот Ердоган рече. „Оваа сепаратистичко-терористичката организација наречена ПКК, нивните ограноци, самите го соопштија тоа, рекоа 'ги запаливме ние'. Тие палеа, ние засадивме. Маката на овие не беше да ја одбранат животната средина, во име на некои да ја опколат Турција. Фала му на бога (Хамдолсун) со Аллахова помош и со поддршка на нашиот народ ги надминавме сиве овие стапици. Исто како и во секое прашање, и во оваа наша мобилизација за пошумување, работиме заедно со нашиот народ рака за рака, рамо до рамо, со заедничко срце.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека за 17 години се засадени 4,5 милијарди фиданки и површините покриени со шума од 20,8 милиони хектари се зголемени на 22, 6 милиони хектари.



Слични вести