Со почит кон големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк на 81. годишнина од неговата смрт

Првата и централна адреса на церемониите на кои се состана државниот врв се одржа во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара

1303451
Со почит кон големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк на 81. годишнина од неговата смрт
10 kasim anma9.jpg
10 kasim anma5.jpg
10 kasim anma7.jpg
10 kasim anma4.jpg
10 kasim anma6.jpg
10 kasim anma1.jpg

Денеска е 10 ноември Ден на сеќавање на Ататурк.

Денеска се навршуваат точно 81 годинa од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција и нејзин прв претседател големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Уште еднаш со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Ататурк кој  на 10 ноември 1938 година во сарајот Долмабахче во Истанбул ги затвори своите очи и замина во неговиот вечен дом.

Ковчегот со посмртните останки на Ататурк покриен со турско знаме беше поставен во катафалк и во текот на 3 дена беше посетен од страна на народот.

Потоа на 20 ноември 1938 година посмртните останки на Ататурк беа донесени во главниот град Анкара каде што на 21 ноември со голема церемонија беа поставени во неговото привремено почивалиште во Етнографскиот музеј.

Потоа пак, на 10 ноември 1953 година посмртните останки на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 15. годишнина од неговата смрт, беа однесени и сместени во неговото денешно вечно почивалиште мавзолејот „Аниткабир“.

Денеска, по повод 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк на 81. годишнина од  неговата смрт како и секоја година досега, се одржуваат церемонии, програми и манифестации во цела Турција и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата.

Првата и централна адреса на церемониите на кои се состана државниот врв се одржа во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Точно во 09:05 часот, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина, на 10 ноември 1938 година пред точно 81 години, засвиреа сирените во целата земја и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државната делегација во негова придружба го посети гробот на Ататурк каде што положи венец и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер во неговиот вечен дом во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара.

Почнувајќи уште од раните утрински часови сарајот Долмабахче во Истанбул каде што ги затвори своите очи и почина Ататурк се посетува од страна на голем број граѓани.

Ученици, млади, возрасни, стари од секоја годишна возраст формирајќи долги редици ја посетуваат неговата соба во која почина, и оставаат бели и црвени каранфили на и околу неговата постела, читаат дови (молитви) и му оддаваат почит на големиот лидер.

Точно во 09:05 часот, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина, на 10 ноември 1938 година пред точно 81 години, засвиреа сирените во целата земја, за момент замре животот, застана сообраќајот, возачите засвиреа на сирените, граѓаните во целата земја му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Во нашето познато туристичко место Кападокија, во близина на главниот град Анкара, организаторите на тур патувања за туристите на кошниците на балоните со топол воздух  закачија турски знамиња и постери на Ататурк.

Балоните со топол воздух кои уште во раните утрински часови од месноста Ѓореме во Невшехир се издигнаа кон небото летаа во текот на приближно еден час над природните конусни форми наречени Самовилски оџаци и над долините со различни природни карпести форми.



Слични вести