Претседателот Ердоган по повод 81. годишнина од смртта Ататурк: Турскиот народ е одлучен да ги брани вечно овие татковински територии

Претседателот Ердоган во пораката по повод 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк на 81. годишнина од неговата смрт напиша дека турскиот народ е одлучен да ги брани вечно овие татковински територии

1303437
Претседателот Ердоган по повод 81. годишнина од смртта Ататурк: Турскиот народ е одлучен да ги брани вечно овие татковински територии

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 81. година од смртта на основачот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк (на 10 ноември 1938 година).

Велејќи дека му оддава почит на Гази Мустафа Кемал Ататурк на 81. годишнина од неговата смрт, претседателот Ердоган во својата порака напиша: „Газијата, како лидер кој е ценет (ужива углед) од страна на нашиот честит народ и целиот свет, треба да го разбереме-сфатиме, да им го раскажуваме на нашите млади и деца како човек, личност вљубена во народната волја; без да ги заборавиме доживеаните тешкотии и неприкосновената борба која што се водеше, во единство и заедништво да им го предадеме во аманет на новите генерации факелот којшто е запален на патот на независноста.“

Претседателот Ердоган нагласи дека турскиот народ е одлучен да ги брани вечно овие татковински територии кои се одбранети со крвта на шехидите (загинатите за татковината) и самопожртвуваноста на газиите (борците ветерани), а воедно напомена дека Република Турција и покрај сите попречувања со силата којашто ја добива од своето минато со одлучни и цврсти чекори го продолжува својот напредок и својот раст.

„И ние, додека повеќе од било кога досега чекориме со поголема надеж, поголема одлучност, денеска, застануваме во одбрана на нашата Република за која Гази Мустафа Кемал Ататурк вели 'моето најголемо дело', непоколебливо, неуморно ги ставаме во примена чекорите коишто ќе ја носат нашата земја кон понапреден степен. Со овие мисли, уште еднаш посакувајќи им милост, со благодарност и почит се сеќавам на основачот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци и на сите наши јунаци, шехиди и газии кои го положиле својот живот и се бореле со самопожртвуваност за нашата татковина.“



Слични вести