Во операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Агри се неутрализирани 7 терористи

Од страна на градската команда на жандармеријата на Агри е реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Агри во која се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1303373
Во операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Агри се неутрализирани 7 терористи

Во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Агри, во југоисточниот дел на земјата, се неутралиизрани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата од страна на градската команда на жандармеријата е реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Агри.

Во операцијата се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Инаку, во руралното подрачје на градот Агри беа неутрализирани 8 терористи и на 7 ноември.

На тој начин, бројот на неутрализираните терористи во рамките на операциите коишто се реализираат во подрачјето во последните 3 дена се зголеми на 15.

Операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести