Претседателот Ердоган по повод Мевлид Кандил: Исламското братство нема граници

Претседателот Ердоган истакна дека исламското братство нема граници и потсети на братството на мухаџирите (доселениците, дојденците) и енсарот (домаќините) во периодот на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.)

1303323
Претседателот Ердоган по повод Мевлид Кандил: Исламското братство нема граници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на програмата на отворање на одбележувањето на Неделата Мевлид-и Неби (раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед с.а.в.с.) привлече внимание на тешкотиите коишто се доживуваат во исламскиот свет.

Ердоган истакна дека исламското братство нема граници и потсетувајќи на братството на мухаџирите (доселениците, дојденците) и енсарот (домаќините) во периодот на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) го рече следното: „Аллах ни овозможи да станеме енсар (домаќини). На нашите сириски браќа пак, кои избегаа од бомбите им овозможи да станат мухаџири (доселеници, дојденци). Тие наши браќа (Сиријците) тогаш кога ќе се средат работите таму Иншаллах ќе се вратат на своите територии. Меѓутоа, ние не можеме да ги избркаме, не можеме да ги испратиме под бомбите. Бидејќи, тоа е нашето сфаќање на братството.“

Велејќи дека вредностите коишто човекот го прават човек се подложени на тежок напад колку што можеби не биле подложени никогаш досега во историјата, Ердоган рече: „Од исламските простори кои стотици години биле места на мирот и благосостјбата денеска само се издигнуваат криковите децата кои останале без своите родители, жените и на мајките кои ги изгубиле своите чеда. Нашите древни градови кои биле колевка на цивилизациите, во рацете на диктаторите кои вршат зулум врз својот народ се претвараат во големи рушевини.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно укажа и на штетите коишто ги нанесуваат терористичките организации и својот говор го продолжи со следните зборови: „Терористичките организации кои се зајакнуваат од страна на некои, безмилосно ги масакрираат верниците кои клањаат намаз, децата кои одат на училиште. Исламската цивилизација од една страна е подложена на нападите на толпата убијци како ДЕАШ, Боко Харам, Еш-Шебаб, ФЕТО, ПКК, ЈПГ, а од друга страна под притисокот на неукоста е подложена на речиси културен геноцид. Неонацистичките терористички организации кои се денешни крстоносци, во најразвиените, како што се вели најдемократските земји во светот, им го отежнуваат животот на муслиманите.“



Слични вести