Министерот Хулуси Акар ги прими Џејмс Џефри и Дејвид Сатерфилд

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд најпрвин остварија меѓуделегациски разговори, а потоа беа примени кај министерот за национална одбрана Хулуси Акар

1303141
Министерот Хулуси Акар ги прими Џејмс Џефри и Дејвид Сатерфилд

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги прими специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, беа одржани меѓуделегациски разговори со кои претседаваа заменик министерот за национална одбрана Јунус Емре Караосманоглу и специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри.

На разговорите беа разгледани прашања во врска со потпишаната спогодба со САД на 17 октомври за североисточниот дел на Сирија. 

По остварените меѓуделегациски разговори, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги прими специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд.



Слични вести