Мевлут Чавушоглу: Сакаа да формираат терористичка држава, ние ја расипавме таа голема игра

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се сакаше да се формира терористичка држава, но дека со операцијата Извор на мирот таа голема игра е расипана

1303333
Мевлут Чавушоглу: Сакаа да формираат терористичка држава, ние ја расипавме таа голема игра

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на „Вечерата на пријателите на Кизилај“ во организација на претставништвото на турската Црвена полумесечина Кизилај на Анталија. 

Чавушоглу истакна дека се чувствува гордост со организациите како што се турската Црвена полумесечина Кизилај, Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД и Турската агенција за соработка и координација ТИКА. 

Укажувајќи на тоа дека турската надворешна политика е активна секаде низ светот, Чавушоглу се осврна на значењето да се биде моќен на терен и на маса. 

Мевлут Чавушоглу истакна дека се сака да се формира терористичка држава во Сирија и рече: „Ние ја расипавме таа голема игра.“

Чавушоглу истакна дека кога ќе затреба за интересите на Турција треба да се покаже силата како што е со операцијата Извор на мирот, а воедно напомена дека едно прашање со кое што Турција со дипломатија се бавеше со месеци со силниот презентиран став на теренот повторно се врати на масата и со постигнатите договори со САД и Русија го постигна посакуваното.

Истакнувајќи дека со операцијата Извор на мирот е расипана и играта којашто се игра над Сирија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Овде сакаа да формираат терористичка држава. Ние расипавме таа голема игра. Им ја срушивме таа игра врз главите не само на терористите, туку и на оние кои сакаа таму да формираат терористичка држава. Така да сета нивна вознемиреност е поради тоа.“



Слични вести