Мевлут Чавушоглу: Освен сирискиот народ, никој нема право над богатствата на Сирија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека освен сирискиот народ, никој нема право над богатствата на Сирија

1303375
Мевлут Чавушоглу: Освен сирискиот народ, никој нема право над богатствата на Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на Организацијата за економска соработка кој се одржа во Анталија во Турција и по состанокот заедно со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка Хади Солеиманпур даде изјави за печатот.

Чавушоглу истакна дека освен сирискиот народ, никој нема право над богатствата на Сирија.

Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата во врска со изјавите на Министерството за одбрана на САД (Пентагон)  во однос на тоа дека приходите од нафтените полиња коишто САД ги контролираат во Сирија им се доставуваат на Сириските демократски сили (СДФ) чиј главен 'рбет го сочинува терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Велејќи дека внимателно се следат изјавите на САД за кои станува збор и дека САД со тоа признаа дека во Сирија се наоѓаат за нафтените резерви, Чавушоглу рече: „Никој нема право над богатствата на Сирија. Ние како Турција ја започнавме операцијата Извор на мирот за да ги исчистиме терористите и ја спречивме поделбата на Сирија така што мошне силно го поддржуваме територијалниот интегритет на Сирија, а не за да ги заплениме богатствата на Сирија. Да се дојде од десетици илјади километри од далеку и да се вели 'ние ќе ги вреднуваме нафтените резерви на една земја' е во спротивност со меѓународното право, и ние сме против тоа. Тие (овие богатства) им припаѓаат на сирискиот народ.“

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој на состанокот на Организацијата за економска соработка беше избран за 24-то привремено претседателствување истакна дека по четврти пат го презема претседателствувањето со организацијата и порача дека наредниот период со поддршка и на земјите членки ќе биде многу успешен период.

„Во текот на нашето претседателствување ќе развиеме една нова иницијатива во Азија. Во склопот на оваа иницијатива ќе работиме во бројни сфери како што се зголемување на дијалогот во образованието, трговијата, технологијата, културата и политиката, со што ќе го покачиме динамизмот во Азија.“ - рече Чавушоглу.



Слични вести