Ибрахим Калин во Истанбул се состана со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри

1303337
Ибрахим Калин во Истанбул се состана со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин во канцеларијата на претседателскиот кабинет во сарајот Долмабахче во Истанбул, се состана со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри. 

На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд.

Средбата беше затворена за медиумите и траеше приближно 1,5 часа. 

Притоа беше направена проценка на подготовките за претстојната средба којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ја оствари со американскиот претседател Доналд Трамп на 13 ноември во Вашингтон. 

Беа детално разгледани прашања посветени на безбедната зона, последната ситуација во подрачјето на Идлиб, напредокот во процесот за политичко решение во Сирија и Уставниот комитет за Сирија.

Беше нагласено значењето што поскоро да вродат резултат работите со Уставниот комитет во рамките на резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и да се одржат транспарентни, праведни и слободни избори во Сирија.

На средбата беше укажано на потребата од интензивирање на соработката во правец на постигнатиот договор со САД на 17 октомври по прашањето на безбедната зона.

Беше повторена одлучноста на Турција по прашањето на борбата против сите терористички елементи, а пред се против ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ/ПКК.

Инаку, специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри во рамките на своите средби и разговори коишто ги оствари претходно во Анкара, беше примен кај министерот за национална одбрана Хулуси Акар, водеше разговори во Министерството за национална одбрана, а имаше средби и со функционерите во Министерството за надворшени работи.



Слични вести