Во Тел Абјад се пронајдени 285 парчиња муниција за тешко оружје на терористите на ПКК/ЈПГ

Министерство за национална одбрана соопшти дека во градот Тел Абјад кој се наоѓа во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се пронајдени 285 парчиња муниција за тешко оружје

Во Тел Абјад се пронајдени 285 парчиња муниција за тешко оружје на терористите на ПКК/ЈПГ

Во градот Тел Абјад кој се наоѓа во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се пронајдени 285 парчиња муниција за тешко оружје од кои поголемиот дел муниција за хаубици, на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Според објавеното соопштение од турското Министерство за национална одбрана, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги продолжуваат активностите за пребарување и чистење на теренот во градот Тел Абјад, во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во тие рамки, освен тоа што се уништуваат поставените мини и експлозивни направи од рачна изработка на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, се пронаоѓа и уништува и муницијата на оваа  терористичка организација.

Така, како последно во Тел Абјад кој се наоѓа во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, како последно се пронајдени вкупно 285 парчиња муниција, од кои 32 парчиња муниција за ракетни фрлачи Катјуша и муниција за хаубици и тоа 18 парчиња со калибар од 82 милиметри, 221 парче од 106 милиметри и 14 парчиња калибар од 120 милиметри. 

 



Слични вести