Турските безбедносни сили ја започнаа операцијата „Киран-5“ во руралните подрачја на градовите Дијарбакир, Бинѓол и Муш

Во руралните подрачја на градовите Дијарбакир, Бинѓол и Муш е започната операцијата „Киран-5“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во која учествуваат 2.656 припадници на безбедносните сили и 175 оперативни тимови

1302735
Турските безбедносни сили ја започнаа операцијата „Киран-5“ во руралните подрачја на градовите Дијарбакир, Бинѓол и Муш

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во руралните подрачја на градовите Дијарбакир, Бинѓол и Муш е започната операцијата „Киран-5“ („Kıran-5“) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, започнатата операција во подрачјето на Шенјајла во реонот на Дијарбакир-Бинѓол-Муш се реализира од страна на Регионалната команда на жандармеријата во Дијарбакир и Тунџели со цел да се спречи сепаратистичко-терористичката организација ПКК да ги заврши своите подготвки за зимување и да се неутрализираат терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во овој реон.

Во операцијата „Киран-5“ учествуваат 2.656 припадници на безбедносните сили составени од жандармериски командоски единици, жандармериски специјални сили, полициски специјални сили и безбедносни чувари, како и 175 оперативни тимови.



Слични вести