Трета заедничка турско-руска копнена патрола источно од реката Еуфрат, во Сирија

Турските и руските војници денеска ја реализираа третата заедничка копнена патрола во областа помеѓу градот Камишли и населеното место Дерик, источно од реаката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

Трета заедничка турско-руска копнена патрола источно од реката Еуфрат, во Сирија

Турските и руските војници во рамките на спогодбата од Сочи денеска ја реализираа третата заедничка копнена патрола во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во третата заедничка патрола реализирана од страна на конвој составен од турски војници и руската воена полиција за воспоставување на безбедната зона во Сирија, во придружба и на беспилотни летала (ИХА) учествуваа оклопни возила.

Конвојот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) составен од 4 оклопни возила од селото Алакамиш во населеното место Идил кај градот Ширнак ја премина турско-сириската граница за да учествува на третата заедничка копнена патрола и се сретна со рускиот воен конвој.

Турско-руската заедничка патрола е реализирана во областа помеѓу градот Камишли и населеното место Дерик, источно од реаката Еуфрат.

Конвојот овде извесно време ја набљудуваше ситуацијата и заедничката патрола траеше 3 часа и 45 минути.

Со третата заедничка копнена патрола, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) за прв пат преминаа и во источниот дел на градот Камишли.

Конвојот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK)  по завршување на патролата се вратија на границата.

Инаку, месноста кај селото Алакамиш во населеното место Идил кај градот Ширнак, која се наоѓа на нулта точка на границата со Сирија, претходно се појави на дневен ред како место од каде што терористите, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се обидуваат да се префрлат во Турција.

Во рамките на спогодбата од Сочи, првата турско-руска заедничка копнена патрола беше реализирана на 1 ноември минатиот петок во областа на 40 километри источно од Расулајн и на 30 километри западно од Камишли, а  втората заедничка патрола е реализирана на 5 ноември во вторник во областа помеѓу источниот дел на Ајн ел-Араб (Кобани) и западниот дел на Тел Абјад.



Слични вести