Сојлу: Турција од понеделник ќе почне со предавање на припадниците на ДЕАШ на нивните матични земји

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека од понеделник ќе почне предавањето на нивните матични земји на странските државјани, членови на терористичката организација ДЕАШ

Сојлу: Турција од понеделник ќе почне со предавање на припадниците на ДЕАШ на нивните матични земји

Турција почнува со предавање на нивните матични земји на странските државјани, членови на терористичката организација ДЕАШ кои ги држи во свои раце.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска говореше на една церемонија во Анкара и истакна дека од понеделник ќе почне предавањето на нивните матични земји на странските државјани, членови на терористичката организација ДЕАШ.

Сојлу рече: „Сега ние велиме дека овие ќе ви ги предадеме вам. Од понеделник почнуваме.“

Осврнувајќи се и на неутрализирањето на двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се наоѓале во списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја, Сулејман Сојлу рече: „Карајилан (еден од челниците на ПКК) бил тажен. Одовде му ветуваме на нашиот народ, Карајилан ќе биде убиен.“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу напомена дека Турција во име на човештвото и со достоинственост води борба против тероризмот, без притоа да прави разлика меѓу ниту една терористичка организација.



Слични вести