Калин: Четворниот самит за Сирија ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин информира дека четворниот самит за Сирија меѓу Турција, Германија, Франција и Велика Британија ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон

1303125
Калин: Четворниот самит за Сирија ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон

Делегацијата под претседателство на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во дворецот Мабејн во Истанбул одржа предсостанок пред четворната средба за Сирија што ќе се одржи со делегациите на Германија, Франција и Велика Британија (Е3) на ниво на лидери на Самитот на НАТО.

Калин информира дека е постигната согласност четворниот самит за Сирија меѓу Турција, Германија, Франција и Велика Британија да се одржи на маргините на Самитот на НАТО на 3 и 4 декември во британскиот главен град Лондон. 

Ибрахим Калин на одржаната прес конференција појасни дека со претставниците на лидерите на Германија, Франција и Велика Британија беше разгледан дневниот ред на четворниот самит што ќе го одржи претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на Самитот на НАТО, а беше направена проценка и на прашањата коишто ќе бидат разгледани на Самитот на НАТО и чекорите коишто ќе се следат во контекст на Сирија.

Потсетувајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел го поканија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да разговараат за процесот во Сирија по операцијата Извор на мирот, Калин рече: "Е постигната согласност овој четворен самит да се одржи на маргините на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон."

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека операцијата Извор на мирот обезбеди можност почнувајќи од подрачјата на Тел Абјад и Расулајн во северниот дел на Сирија на длабочина од 30 километри на турско-сириската граница да се формира безбедна зона, а воедно додаде дека тоа претставува позитивна основа за враќање на бегалците во својата земја.



Слични вести