Ердоган: Операцијата Извор на мирот ќе продолжи се додека не биде извадена терористичката ЈПГ/ПКК оттука

Претседателот Ердоган истакна дека операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија ќе продолжи се додека не биде извадена сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од ова подрачје

Ердоган: Операцијата Извор на мирот ќе продолжи се додека не биде извадена терористичката ЈПГ/ПКК оттука

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од остварената посета на Унгарија одговараше на прашањата на новинарите кои го придружуваа за време на оваа посета.

Притоа осврнувајќи се на операцијата Извор на мирот којашто се спроведува против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, Ердоган рече: "Прексиноќа разговаравме со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп. По овој остварен телефонски разговор одлучивме на 13 ноември да заминеме за САД." 

Ердоган истакна дека операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија ќе продолжи се додека не биде извадена сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, од ова подрачје.

Претседателот Ердоган напомена дека за време на неговата претстојна посета на Вашингтон ќе биде корисно да се направи проценка лице в лице со американскиот претседател Трамп на точката до која е дојдено во моментот со операцијата Извор на мирот. 

Велејќи "Постои ветување коешто ни го дадоа САД", Ердоган рече: "Рекоа 'ќе ги извадиме терористичките организации од Менбич'. И во моментов не се извадени. Ние со целото наше разузнавање знаеме што се случува."

Претседателот Реџеп Тајјип воедно нагласи дека продолжува контролата на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во областите на градовите Тел Абјад и Расулајн, и продолжи со следните зборови: "Меѓутоа, јужно од Расулајн е областа Тел Тамер. Во ова место се наоѓа терористичката организација. Терористичката организација не стои мирно и оттаму постојано ги вознемирува нашите граници. Истото го има во Менбич. Истата состојба ја има во околината на Ајн ел-Араб. Овде повторно ПКК-ПЈД-ЈПГ, кога ќе изнајдат најмала прилика го прават тоа."

Велејќи дека борбата против тероризмот во подрачјето продолжува со одлучност, Ердоган истакна дека за сето тоа ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на САД. 

"Овде ние нема да ја оставиме оваа работа се додека не го напушти подрачјето последниот терорист. Ние нема да излеземе одовде се додека не излезат другите земји. Ние сме на страната на единството, заедништвото и целовитоста на Сирија. И не сакаме никако да се распарчи. Доколку и другите земји се на страната на тоа и тие самите треба да го докажат тоа. Тие ќе го докажат тоа, па да го побараат од нас доказот за тоа. Никој од нив немаат своја граница овде, меѓутоа ние овде имаме своја граница." - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип го додаде и следното: "Ние располагаме со еден документ како што е Договорот од Адана. Се додека не бидат исчистени овие терористички организации ние на ист начин ќе го продолжиме на ист начин нашиот став овде со надлежноста којашто ни ја дава Договорот од Адана."



Слични вести