Ердоган: „Односите меѓу Турција и ЕУ не треба да бидат во заложништво на некои земји“

Во оваа прилика сакам да изразам посебна благодарност на премиерот Орбан за неговата поддршка

1302437
Ердоган: „Односите меѓу Турција и ЕУ не треба да бидат во заложништво на некои земји“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека односите меѓу Турција и ЕУ не треба да бидат во заложништво на билатералните односи на некои земји членки на ЕУ.

Во рамките на официјалната посета на Унгарија, претседателот Ердоган одржа заедничка прес конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ердоган во оваа прилика рече дека унгарска поддршка на Турција на патот за пристапување во ЕУ има многу големо значење.

„Во оваа прилика сакам да изразам посебна благодарност на премиерот Орбан за неговата поддршка. Несомнено дека ставот на ЕУ во последно време кон Турција е многу далеку од конструктивноста. Билатералните односи меѓу некои земји членки на ЕУ не треба да ги земат во заложништво односите меѓу Турција и ЕУ. Унијата со овој став во суштина нанесува штета на своите интереси. Соодветно треба да се сфати вредноста на пристапувањето на Турција во ЕУ.

Исто така сакам да го изразам и нашето жалење поради несолидарноста на некои стратешки партнери особено по нивните средби со лидерите на терористичките организации.

Не постои добар или лош терорист. Не постои мој или твој терорист. Ако водиме борба против тероризмот, тогаш треба да бидеме решителни во истата“ рече Ердоган.

Во освртот на односите со Вишеградската четворка (В4) Ердоган рече дека Турција е решителна во развојот на истите и додаде дека уште еднаш сака да му се заблагодари на премиерот Орбан за поддршката на операцијата Извор на мирот (која што Турските вооружени сили ја остварија источно од Еуфрат во Сирија).



Слични вести