Аксој: „Не го заборавивме злосторството и насилството на Грција врз Турците“

Ставот на Турција во врска со случувањата до 1915 година е изнесен уште на 23 април 2014 година

Аксој: „Не го заборавивме злосторството и насилството на Грција врз Турците“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Хами Аксој објави писмен одговор на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во врска со случувањата во 1915 година во рамките на неговата посета на Ерменија.

„За жал Грција и натаму продолжува да застанува на страната на непријателите и противниците на Турција и да ги подржува нивните погледи и ставови против нашата земја.

Не треба да се заборави дека и ние никогаш не ги заборавивме злосторствата на Грција што ги изврши во историјата врз Турците и другите граѓани на Османлиската држава. Многу добро е познат е фактот дека Грција од периодот на осамостојувањето од Османлиската Империја и потоа, на систематски начин ги уништуваше Турците и муслиманите.

Дури денешното нечовечно однесување на Грција кон турското малцинство во земјата, особено апсењето на муфтиите поради тоа што клањаат петочен намаз, претставува јасен доказ за тоа колку претеруваат Грците во своет однесување.

Турција е убедена дека од историјата треба да се извлечат поуки за мир и братство, а не непријателство и секако дека сме свесни за историските факти. Уште еднаш ја користам оваа прилика да го повториме нашиот став дека Грција нема да има никаква корист од поддршката на активностите против нашата земја“ рече Аксој.

„Ја повикуваме Грција да биде повнимателна во иднина и да са раководи врз основа на принципите за воспоставување добри односи со соседните земји, да се залага за поддршка на мирот, стабилноста и спокојството во регионот, бидејќи тоа е единствениот начин. Од друга страна што се однесува до случувањата од 1915 година, ставот на Турција е изнесен уште на 23 април 2014 год, периодот кога претседателот на државата беше премиер. Затоа нема потреба од дополнителни образложенија“ рече Аксој.



Слични вести