Телефонски разговор помеѓу Ердоган и Трамп: Потврдена средбата на 13 ноември во Вашингтон

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателскиот кабинет, двајцата лидери Ердоган и Трамп повторно потврдија дека на покана на американскиот претседател Трамп на 13 ноември ќе се состанат во Белата куќа во Вашингтон

1301599
Телефонски разговор помеѓу Ердоган и Трамп: Потврдена средбата на 13 ноември во Вашингтон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во разговорот освен за билатералните односи, стана збор и за прашања посветени на регионални случувања.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателскиот кабинет, двајцата лидери Ердоган и Трамп повторно потврдија дека на покана на американскиот претседател Трамп на 13 ноември ќе се состанат во Белата куќа во Вашингтон.

Претседателот Ердоган исто така на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со остварениот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Велејќи дека во телефонскиот разговор станало збор за билатералните односи и регионални прашања, Ердоган во својата објава напиша: „Остваривме продуктивен телефонски разговор. Во разговорот, направивме проценка на чекорите коишто ќе ги фрлиме во однос на бројни прашања, на чело со борбата против тероризмот, како и трговските цели помеѓу нашите земји. Верувам дека заедно и со посетата којашто ќе ја оствариме на САД на 13 ноември, телефонскиот разговор што го остваривме (денеска) ќе вроди добри резултати во врска со нашите билатерални односи и регионални прашања.“

Во врска со остварениот телефонски разговор сподели објава на социјалната мрежа Твитер и американскиот претседател Доналд Трамп, во која го напиша следното: „Ердоган ми рече дека се фатени голем број членови на ДЕАШ меѓу кои се наоѓаат и сопругата и постарата сестра на терористот Ебубекир ел-Багдади, за кои се истакнува дека избегале за време на судирот.“

Американскиот претседател Доналд Трамо истакна дека освен тоа во телефонскиот разговор станало збор и за елиминирањето на тероризмот, ЈПГ/ПКК и за други прашања, а ја изнесе и следната констатација: „Со нетрпение очекувам претседателот Ердоган на 13 ноември идната среда да го видам во Белата куќа.“



Слични вести