Претседателот Ердоган замина во официјална посета на Унгарија
Претседателот Ердоган по одржаниот состанок на претставниците на печатот на аеродромот Есенбога во Анкара, во 10:37 часот по турско време со авионот „TC-TUR“ полета за главниот ргад на Унгарија, Будимпешта

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во официјална посета на Унгарија кадешто ќе учествува на 4. состанок на Турско-унгарскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.
Претседателот Ердоган по одржаниот состанок на претставниците на печатот на аеродромот Есенбога во Анкара, во 10:37 часот по турско време со авионот „TC-TUR“ полета за главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Претседателот Ердоган беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и други високи функционери.
За време на оваа посета на Унгарија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз, шефот на Одделот за комуникации на претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.
Слични вести
