Претседателот Ердоган пристигна во Будимпешта

Претседателот Ердоган на аеродромот Лист Ференц во Будимпешта пристигна во 13:00 часот според турско време

1302223
Претседателот Ердоган пристигна во Будимпешта

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пристигна во главниот град на Унгарија, Будимпешта, кадешто отпатува во официјална посета во рамките на 4. состанок на Турско-унгарскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Ердоган на аеродромот Лист Ференц во Будимпешта пристигна во 13:00 часот според турско време.

Овде, претседателот Ердоган беше пречекан од страна на заменик унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Левенте Маѓар, поранешниот амбасадор на Унгарија во Анкара Габор Кис, од амбасадорот на Турција во Будимпешта Ахмет Акиф Октај и вработените во амбасадата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од аеродромот замина за дворецот Шандор кадешто оствари средба со унгарскиот претседател Јанош Адер.

Средбата беше затворена за медиумите.



Слични вести