МНР: Турција ја негира новата одлука на Израел за изградба на нови незаконски станови

МНР: Одобрувањето од страна на Израел за изградба на нови 2.342 стана во незаконските населби на окупираните палестински територии, претставува нов и отворен пример на политиката на оваа земја во правец на промена демографската структура на регионот

1301776
МНР: Турција ја негира новата одлука на Израел за изградба на нови незаконски станови

Турција, одборувањето од страна на Израел за изградба на нови населби на окупираните палестински територии, го окарактеризира како нов и отворен пример на израелската политика во правец на променување на демографската структура на регионот, а воедно истакна дека се негира оваа незаконска одлука на Израел.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека одобрувањето од страна на Израел за изградба на нови 2.342 стана во незаконските населби на окупираните палестински територии, претставува нов и отворен пример на политиката на оваа земја во правец на промена демографската структура на регионот.

Во соопштението се укажува на тоа дека бројот на вкупните дополнителни населби чија изградба е одобрена од страна на израелските власти оваа година изнесува речиси за половина повеќе од минатата година и се додава дека тоа претставува конкретен показател за целта на Израел за разорување (уништување) на визијата за изнаоѓање решение со две држави.

„Ја негираме оваа незаконска одлука на Израел кој негирајќи го меѓународното право со кое речиси се потсмева, продолжува да ги прекршува основните права на Палестинците. Уште еднаш ги повикуваме сите земји членки на меѓународната заедница да ги исполнат своите одговорности за спротивставување на окупацијата и зулумот што се врши врз палестинскиот народ.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести