Министерот Фатих Донмез: Бродот 'Фатих' во најскоро време ќе почне повторно со дупчење во Источниот Медитеран

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез соопшти дека бродот „Фатих“ во најскоро време ќе почне повторно со дупчење во Источниот Медитеран, во локацијата за која е добиена дозвола од Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1301520
Министерот Фатих Донмез: Бродот 'Фатих' во најскоро време ќе почне повторно со дупчење во Источниот Медитеран

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез по говорот што го одржа на отворањето на 12. Меѓународен енергетски конгрес и саем којшто се одржува во Анкара, одговараше на прашањата на новинарите.

Донмез соопшти дека бродот „Фатих“ во најскоро време ќе почне повторно со дупчење во близина на островот Кипар, во Источниот Медитеран, во локацијата за која е добиена дозвола од Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Велејќи дека другите два брода на Турција „Оруч Реис“ и „Барбарос Хајреттин Паша“ ги продолжуваат своите дводимензионални и тродимензионални сеизмички истражувања во Источниот Медитеран, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез го рече следното: „Сондажите (дупчењата) продолжуваат. Бродот за сондажа (дупчење) 'Јавуз' започна со дупчење во месноста на Ѓузелјурт пред неколку недели. И бродот на сондажа 'Фатих' ја заврши својата сондажа во Финике и за снабдување со неопходниот материјал пристигна во пристаништето Ташуџу, во Мерсин. По неколкунеделните работи за снабдување со неопходниот материјал и обновата повторно во најскоро време ќе почне со сондажа (дупчење) во локацијата за којашто е добиена дозвола од Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

 



Слични вести