Изјава од Фахреттин Алтун по состанокот на Високиот советодавен совет на претседателскиот кабинет

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека на состанокот се стоеше на тоа дека никако нема да се отстапи од одлучната борба којашто се води против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1301116
Изјава од Фахреттин Алтун по состанокот на Високиот советодавен совет на претседателскиот кабинет

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун објави писмено соопштение во врска со состанокот на Високиот советодавен совет на кабинетот што се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Алтун истакна дека на состанокот се стоеше на тоа дека никако нема да се отстапи од одлучната борба којашто се води против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Нагласувајќи дека на состанокот на Високиот советодавен совет на претседателскиот кабинет освен регионалните и меѓународните рефлексии на операцијата Извор на мирот беа разгледани прашања посветени и на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), Алтун појасни дека во оваа пригода претседателот Ердоган рече дека Турција води праведна борба во Сирија.

Како што напомена Фахреттин Алтун, претседателот Ердоган нагласи дека главна цел и на трите значајни операции кои што се реализирани во последните 3 години во Сирија (Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот) е борбата против терористичките организации, а пред се ПКК-ЈПГ и ДЕАШ.

„На состанокот“, - рече Алтун, „беше укажано на тоа дека Турција која го носи товарот на мигрантското (бегалското) прашање и речиси гради ѕид пред оние кои интензивно навалуваат кон регионот за да се приклучат кон терористичките организации се соочува со обвинувања коишто не ги заслужува и дека притисоците на коишто е подложена на меѓународна платофрма беа уште повеќе зголемени со операцијата Извор на мирот.“

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун информира дека на состанокот се преговараше и за средствата кои што ќе се користат за раскажување во меѓународната јавност на праведната борба на Турција и за водење борба против црната пропаганда којашто се води против Турција. 

„Освен тоа, во Советот со чувствителност се стоеше на тоа дека никако нема да се отстапи од одлучната борба којашто се води против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) сторителот на предавничкиот обид за преват на 15 јули, со благодарност беше потсетено на нашите шехиди (загинати) и газии (ранети), на силен начин беше нагласено дека апсолутно нема да се дозволат ставовите и однесувањата коишто имаат потенцијал на ослабување на борбата против оваа подла терористичка организација.“ - порача Фахреттин Алтун.



Слични вести