Целосна поддршка од Азербејџан на борбата на Турција против тероризмот

Азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов истакна дека неговата земја дава целосна поддршка на борбата што ја води Турција против тероризмот

1300712
Целосна поддршка од Азербејџан на борбата на Турција против тероризмот

Министерот за национална одбрана генерал на армија Закир Хасанов ја прими турската воена делегација предводена од вториот началник на Генералштабот генерал полковник Метин Ѓурак која престојува во посета на Баку, каде што ќе се одржи 12. азербејџанско-турски состанок за воен дијалог на високо ниво.

Во оваа пригода, азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов истакна дека неговата земја дава целосна поддршка на борбата што ја води Турција против тероризмот.

Според објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана, министерот Закир Хасанов на остварената средба со турската воена делегација на чело со вториот началник на Генералштабот генерал полковник Метин Ѓурак, истакна дека неговата земја за зголемување на својот одбранбен капацитет ја проширува воената соработка со Турција и дека тоа пак одигрува клучна улога во воспоставувањето на стабилноста во регионот.

Изразувајќи го своето сочувство до семејствата на турските војници шехиди во борбата против тероризмот, Хасанов истакна дека „Азербејџан целосно ја поддржува Турција“ како земја којас води борба против сепаратизмот.

Од друга страна, на средбата на која беше разговарано и за последните случувања во регионот беа разменети мислења во однос на прашања за одржување на заеднички воени вежби и размена на искуства со учество и на земји како Грузија, Пакистан и туркофонските земји.



Слични вести