Претседателот на Собранието Шентоп ги посети џамијата и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Токио

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во посета на Јапонија ги посети џамијата и Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре во Токио

1300583
Претседателот на Собранието Шентоп ги посети џамијата и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Токио

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во рамките на Самитот на претседателите на претседателите на Парламентите на земјите од групата 20 индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој (Г-20), престојува во посета на Јапонија ги посети и културно-историските места и знаменитости на Токио.

Потоа Шентоп ги посети и џамијата и Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре во Токио.

Претседателот на Собранието Шентоп, од страна на директорот на Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре во Токио Хусејин Туна доби информации во врска со активностите на културниот центар.

Шентоп ја прошета изложбата на тема „Во 19-от век со поглед од сарајот Јилдиз кон Јапонија“ којашто е подготвена под покровителство на претседателскиот кабинет, а сликаше и спомен фотографија со вработените во културниот центар.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ја посети и џамијата во Токио која во знак на добрите односи помеѓу Турција и Јапонија беше изградена во 1997 година и е една од градбите коишто служат за пример.

Овде Шентоп разговараше и со имамот на џамијата во Токио Мухаммет Рашит Алас која воедно е едното и од најмногупосетуваните места од страна на оние кои го посетуваат главниот град на Јапонија, Токио и особено од страна на муслиманите.



Слични вести