Нивото на терористичка закана во Велика Британија од „сериозно“ намалено на „значително“

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател истакна дека и покрај промената на нивото на закана,тероризмот продолжува да е едниот од директните и инцидентни (моментни) ризици за националната безбедност

1300165
Нивото на терористичка закана во Велика Британија од „сериозно“ намалено на „значително“

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател соопшти дека нивото на националната терористичка закана од „сериозно“ е намалено на „значително“.

Пател во дадената изјава истакна дека и покрај промената на нивото на закана,тероризмот продолжува да е едниот од директните и инцидентни (моментни) ризици за националната безбедност.

Велејќи дека новото на закана постојано ќе се прегледува и преразгледува, британската министерка за внатрешни работи Прити Пател рече: „Владата и полициските и разузнавачките служби ќе продолжат неуморно да работат за борба против заканите предизвикани од тероризмот.“

Инаку, Во Велика Британија постојат пет нивоа на терористичка закана: критично (кога се очекува неизбежен терористички напад), серозно (кога е многу можен терористички напад), значително (кога терористички напад во значителна мера е можен), умерено (кога терористички напад е можен, но малку веројатен) и ниско (кога има мали изгледи за терористички напад). Нивото на заканата се определува од страна на Заедничкиот центар за анализа на терористичките активности.

Сведеното трето по ред ниво на закана „значително“ значи „во значителна мера можен терористички напад“.

Најголемиот напад во последните години во Велика Британија се случи на 22 мај 2017 година во градот Манчестер кога во бомбашки напад за време на еден концерт загинаа 23 лица, а 59 мина беа ранети.

Освен тоа беа извршени и напади со нож во главниот град Лондон.



Слични вести