Ердоган: „Ги интензивиравме активностите за производство на домашниот авион“

Турција ги наруши игрите кои одредени средини лани се обидоа да ги играат со малверзација на девизите, каматните стапки и стапката на инфлација

1300650
Ердоган: „Ги интензивиравме активностите за производство на домашниот авион“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ги интензивира активностите за производство на домашен борбен авион како алтернатива на борбениот авион Ф-35.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Ердоган одржа говор на седницата на пратеничката група во Собранието.

Ердоган во говорот се осврна на стапката на домашното производство во одбранбената индустрија потенцирајќи дека „од 20 отсто стапката ја зголемиле на 70 отсто. Исто така и економијата ја искачивме на доста високо ниво. Моментално сме 13-та најголема економија во светот.

Турција ги наруши игрите кои одредени средини лани се обидоа да ги играат со малверзација на девизите, каматните стапки и стапката на инфлација.

Откако САД не сакаа да ни продадат противвоздушни одбранбени системи, Турција истите ги набави од Русија.

Американците не сакаат да ни ги предадат нашите борбени авиони Ф-35 во чие производство учествувавме. Затоа ние ги интензивиравме активностите за производство на домашни борбени авиони. Исто така почнавме со истражување на алтернативните авиони. Се има алтернатива. Откако не може да на извршат притисок и со наведените примери, овојпат почнаа да ги вадат вековните пресметки. Тие не знаат да се борат храбро. Секој ден излегуваат и се закануваат на нашата земја. Усвојуваат одлуки кои немаат никакво значење. Повремено испраќаат писма. Кога се однесуваат на овој начин, зарем Турција се повлекува назад? Кога вие ПКК/ЈПГ во вашите извештаи не ги спомнувате како терористички организации, зарем овие крволочни организации се ослободуваат?“

Ердоган уште еднаш остро реагираше на американската помош во оружје и муниција на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

„Околу 32 илјади американски камиони натоварени со оружје и муниција од Ирак влегоа во Сирија. Постојано ги предупредивме, ама САД воопшто не се огласија. Големиот успех што го постигнавме во борбата против ДЕАШ   за жал на наиде на очекуваната поддршка. Бидејќи тие се раководеа заедно со ДЕАШ. Потоа, во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ подрачјето го исчистивме од терористите на ПКК/ЈПГ. Непрекинато траеше борбата против притисокот кои другите држави се обидуваа да го спроведат врз нашата земја. Нивната цел беше да не присилат да потклекнеме на формирањето на терористичкиот коридор по должината на нашата граница. Бевме изложени на прикриено ембарго. Ги надминавме сите пречки кои се обидуваа да ни ги постават на нашиот пат. Некојпат самите го произведовме потребното оружје некојпат го набавивме од други земји.“

По состанокот на пратеничката група во Собранието, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

На едно прашање во врска со заедничките патроли со Русија во Сирија, Ердоган рече дека патролите ќе продолжат според постигнатиот договор.

На прашањето во врска со фаќањето на постарата сестра на Багдади, челникот на ДЕАШ кој се самоуби, Ердоган рече дека ќе се држи во центарот за екстрадиција и дека ќе функционира правниот процес.



Слични вести