Ибрахим Калин: Операцијата Извор на мирот во голема мера ги елиминира намерите за формирање на терористички коридор

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин истакна дека операцијата Извор на мирот во голема мера ги елиминира намерите за формирање на терористички коридор, па дури и терористичка држава во северниот дел на Сирија

1300142
Ибрахим Калин: Операцијата Извор на мирот во голема мера ги елиминира намерите за формирање на терористички коридор

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин вчера вечер додека во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, продолжуваше состанокот на претседателскиот кабинет се појави пред камерите и одржа прес конференција. 

Калин истакна дека операцијата Извор на мирот во голема мера ги елиминира намерите со кои се има за цел да се формира терористички коридор, па дури и  терористичка држава во северниот дел на Сирија. 

„Е нанесен мошне сериозен удар врз овој терористички коридор, меѓутоа нашата состојба на готовс (претпазливост) продолжува. Знаеме дека терористите нема да се откажат толку лесно од овие нивни активности.“ - рече Калин.

Велејќи дека има многу работи коишто треба да се направат за одржување на избори во Сирија, како за унапредување на политичкиот процес, така и за продолжување на работите на Уставната комисија и за доаѓање на власт на легитимна, демократска и инклузивна (сеопфатна) управа, Ибрахим Калин продолжи со следните зборови: „Освен тоа би сакале да подвлечеме дека борбата против тероризмот не претставува само процес на точка. Операцијата Извор на мирот во голема мера ги елиминира намерите со кои се има за цел особено во северниот и североисточниот дел на Сирија, веднаш јужно од нашата граница, да се формира терористички коридор, па дури и терористичка држава. Е нанесен многу голем удар врз овој терористички коридор, меѓутоа нашата состојба на будност (готовс) продолжува. Впрочем, знаеме дека терористите нема да се откажат толку лесно од нивните активности.“

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин напомена дека Турција ја покажува и ќе продолжи да ја покажува најголемата чувствителност по прашањето на животната и имотната безбедност на сите малцинства и други етнички групи ѝ на сопствените територии, ѝ на териториите во регионот. 

Калин додаде дека секој треба да биде многу внимателен против активностите за водење на црна пропаганда во правец на засенување на успехот на операцијата Извор на мирот.



Слични вести