Во октомври се неутрализирани вкупно 175 терористи меѓу кои и од т.н. водечки кадар на ПКК

Во рамките на борбата против тероризмот вореализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во текот на месец октомври, се неутрализирани вкупно 175 терористи

1300068
Во октомври се неутрализирани вкупно 175 терористи меѓу кои и од т.н. водечки кадар на ПКК

Заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на министерството Исмаил Чатакли на одржаниот месечен состанок за печатот, информира дека во рамките на борбата против тероризмот во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во текот на месец октомври, се неутрализирани вкупно 175 терористи.

Велејќи дека за воспоставување на внатрешната безбедност во октомври во руралните подрачја се реализирани вкупно 9.885 операции од кои 3 од голем и 37 од среден обем, а во градовите се спроведени вкупно 1.857 операции, Чатакли рече: „Како резултат на операциите, се неутрализирани вкупно 175 терористи меѓу кои се наоѓаат и тројца барани терористи на списокот на Министерството за внатрешни работи од категоријата означена со црвена боја, тројца од категоријата со портокалова боја и 11 барани терористи од категоријата со сива боја.“



Слични вести