Претседателството остро реагираше на американскиот извештај за тероризам за 2018

Ставот на Стејт департментот очигледен пример на двоен стандард

1300115
Претседателството остро реагираше на американскиот извештај за тероризам за 2018

По состанокот на кабинетот на претседателот кој се одржа под претседателството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше објавено писмено сопштение во врска со Извештајот за тероризмот за 2018 на американскиот Стејт департмент.

Во соопштението беше истакнато дека „изнесувањето на терористичката организација ЈПГ/ПЈД како продолжение на сепаратистичко-терористичката орфганизација ПКК во Сирија како и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) претставува очигледен пример на двоен стандард“.

Во продолжение на соопштението беше подвлечено дека „САД под изговор дека водат борба против тероризмот во целиот свет, по објавувањето на овој извештај веќе нема што да каже во врска со тероризмот“ и беше додадено следното:

„Уште еднаш сакаме да истакнеме дека судбината на оние кои ги штитат и бранат терористите, кога тогаш ќе бидат илзожени на нивната подмолност.

Турција е земја која уште од 1984 година наваму води непрекината борба против тероризмот и уште од тој период најпрвин беше изложена на нападите на АСАЛА, а потоа и низа други и различни терористички организации.

Многу е мал бројот на земјите во светот коишто биле изложени на терористички напади и водела ефикасна борба против истите и тоа на глобално ниво, како што тоа го направи Турција.

Турција одлучно ќе продолжи со борбата против ПКК, ДЕАШ (ИСИЛ), ПЈД и ФЕТО како и сите други терористички организации“ беше истакнато во соопштението.



Слични вести