На северот на Ирак неутрализиран терорист од т.н. водечки кадар на ПКК од црвената категорија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Националната разузнавачка служба (МИТ) реализираа заедничка операција на областа Метина во северниот дел на Ирак во која е неуртализиран терорист од т.н. водечки кадар на ПКК од категоријата означена со црвена боја

1299875
На северот на Ирак неутрализиран терорист од т.н. водечки кадар на ПКК од црвената категорија

Во заедничка реализирана операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Националната разузнавачка служба (МИТ) на областа Метина во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот, еден од водечките припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, по име Муслух Ике, познат под кодното име „Текошер Загрос“.

Установено е дека неутрализираниот терорист се наоѓал на списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја.

Во меѓувреме, заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на министерството Исмаил Чатакли на одржаниот месечен состанок за печатот, информира дека во рамките на борбата против тероризмот во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во текот на месец октомври, се неутрализирани вкупно 175 терористи.

Велејќи дека во октомври во руралните подрачја се реализирани вкупно 9.885 операции од кои 3 од големи и 37 од среден обем, а во градовите се спроведени вкупно 1.857 операции за воспоставување на внатрешната безбедност, Чатакли рече: „Како резултат на операциите, се неутрализирани вкупно 175 терористи меѓу кои се наоѓаат и тројца барани водечки терористи на списокот на Министерството за внатрешни работи од категоријата означена со црвена боја, тројца од категоријата со портокалова боја и 11 водечки терористи од категоријата со сива боја.“



Слични вести