МНР: „Турција остро го осудува Извештајот за тероризам за 2018 на САД“

Во извештајот на САД се истакнува дека ПКК во периодот од 2015 до 2018 година беше причина за убиството на над 1200 цивили, полицајци и војници во Турција

1299488
МНР: „Турција остро го осудува Извештајот за тероризам за 2018 на САД“

Министерството за надворешни работи (МНР) на Турција, Извештајот за тероризам за 2018 на американскиот Стејт департмент го оцени како обид за прикривање на ставовите на американските власти кои се косат со правото.

Портпаролот на МНР Хами Аксој на извештајот на САД објави писмен одговор.

Аксој подвлече дека во извештајот на САД се истакнува дека ПКК која од страна на САД беше вброена на списокот на терористички организации, во периодот од 2015 до 2018 година беше причина за убиството на над 1200 цивили, полицајци и војници во Турција.

Покрај тоа што во извештајот ЈПГ не се спомнува директно туку како продолжение на ПКК во Сирија, овој став претставува јасно прикривање на отворениот став на американските власти дека соработуваат со оваа терористичка организација, а што се коси со правото.

Во врска со вреднувањето на терористичката организација ФЕТО во извештајот, Аксој истакна:

„Претставувањето на челникот на терористичката организација ФЕТО како проповедник во прогонство подразбира игнорирање на обидот за воен удар на 15 јули или поддржување. Меѓудругото овој став претставува одраз на игнорирањето на наведениот терорист кој на териториите на САД нашол безбедно засолниште. Не треба да се заборави дека терористичката организација ФЕТО која се крие во позадината на кукавичкиот обид за државен удар на 15 јули и беше причина за смртта на 251 жртва и илјадници повредени е опасност и закана за сите земји во кои се наоѓа и делува, а не само за Турција. Затоа меѓународната соработка во борбата против тероризмот има многу големо значење“ подвлече Аксој.



Слични вести