Столтенберг: Ниту една земја на НАТО не доживеа терористички напади колку Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави за германскиот весник "Билд ам Сонтаг" дека ниту една земја на НАТО не прими сириски бегалци колку Турција и ниту една земја на НАТО не доживеа терористички напади колку Турција

1299110
Столтенберг: Ниту една земја на НАТО не доживеа терористички напади колку Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во дадената изјава за германскиот весник "Билд ам Сонтаг" истакна дека насилството во северниот дел на Сирија почна да опаѓа и дека само по себе ќе ги донесе и напорите за изнаоѓање политичко решение.

Столтенберг напомена дека ниту една земја на НАТО не доживеа терористички напади колку Турција.

"Овде треба да се прифати дека Турција е значаен сојузник. Турција со одлучност даде придонес во борбата против ДЕАШ и во рушењето физички на таканаречениот калифат. Ниту еден сојузник не прими сириски бегалци колку Турција. Турција прими 3,6 милиони Сиријци и ниту една земја на НАТО не доживеа терористички напади колку Турција." - рече Столтенберг. 

На потсетување на предлогот на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер за формирање на ш"меѓународна безбедна зона" во северниот дел на Сирија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека предлогот го дочекал со задоволство, меѓутоа привлече внимание дека по ова прашање сите земји во светот сносат одговорност за престанок на насилството во Сирија

Нагласувајќи дека не е лесно да се донесе одлука да се испрати војска во Сирија, Столтенберг рече дека е рано да се каже дека ваквиот предлог би можел да се применува. 

Јенс Столтенберг го додаде и тоа дека НАТО претставува форум кадешто земјите членки отворено и сериозно ги споделуваат своите размислувања.



Слични вести