Мустафа Шентоп отпатува за Јапонија за Самитот на претседателите на Парламентите на Г-20

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и делегацијата во негова придружба на аеродромот Ханеда беа пречекани од страна на амбасадорот на Турција во Токио Хасан Мурат Мерџан и други функционери

1299278
Мустафа Шентоп отпатува за Јапонија за Самитот на претседателите на Парламентите на Г-20

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп замина за Јапонија за Самитот на претседателите на Парламентите на земјите од групата 20 индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој (Г-20).

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп и делегацијата во негова придружба на аеродромот Ханеда беа пречекани од страна на амбасадорот на Турција во Токио Хасан Мурат Мерџан и други функционери. 

На Самитот на претседателите на Парламентите на земјите од Г-20 кој ќе започне утре ќе се одржат 3 седници посветени на различни прашања.

На Самитот ќе има свое обраќање и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во рамките на овој значаен собир воедно ќе оствари и низа билатерални средби и разговори со претседателите на Парламентите на земјите од групата 20 индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој (Г-20).

 



Слични вести