Кај градот Ван е неутрализиран терорист од категоријата со сива боја

Во реализирана операција од страна на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван се неутрализирани двајца терористи од кои едниот се наоѓал на списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја

1298881
Кај градот Ван е неутрализиран терорист од категоријата со сива боја

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван, во источниот дел на земјата, во близина на границата со Иран, се неутрализирани двајца терористи. 

Како што се истакнува едниот од неутрализираните терористи се наоѓал на списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Од страна на екипите на градската команда на жандармеријата во Ван беа водени работи во правец на дешифрирање на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК. 

Во тие рамки во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван беше реализирана антитерористичка операција во која беа неутрализирани двајца терористи.

Потоа е установено дека едниот од неутрализираните терористи бил терористот познат под кодното име "Каркер" кој се наоѓал на списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја по кого е распишана награда од 300 илјади турски лири (приближно 55 илјади долари). 

Во реализираната антитерористичка операција беа запленети големи количини оружје, муниција и различни материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Операциите во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, и во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација во подрачјето на градот Муш, од страна на безбедносните сили, се уништени 3 засолништа со оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести