Претседателот Ердоган го прими во Истанбул генералниот секретар на ОН Гутерес

Приемот се одржа во дворецот Вахдеттин во Истанбул, беше затворен за медиумите и траеше приближно еден час

1298791
Претседателот Ердоган го прими во Истанбул генералниот секретар на ОН Гутерес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во Истанбул генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес кој допатува за учество на Конференцијата за медијација.

Приемот се одржа во дворецот Вахдеттин во Истанбул, беше затворен за медиумите и траеше приближно еден час.

На приемот присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во кабинетот на претседателот Ибрахим Калин и претседателот на Комисијата за надворешни работи во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Волкан Бозкир.



Слични вести