Чавушоглу оствари телефонски разговор со Помпео

Претставничкиот дом на САД во врска со операцијата „Извор на мирот“ на 29 октомври ги усвои предлог-законите за спроведување санкции врз Турција и одлуката која ги содржи ерменските тврдења за случувањата од 1915 година

1298466
Чавушоглу оствари телефонски разговор со Помпео

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот колега Мајк Помпео.

Според дипломатски извори, главна тема на телефонскиот разговор меѓу Чавушоглу и Помпео беа нацрт-одлуките кои беа усвоени од страна на Претставничкиот дом на САД и случувањата во Сирија.

Претставничкиот дом на САД во врска со операцијата „Извор на мирот“ на 29 октомври ги усвои предлог-законите за спроведување санкции врз Турција и одлуката која ги содржи ерменските тврдења за случувањата од 1915 година.



Слични вести