Турција ја осуди одлуката на Франција во врска со забраната за носење шамија

Одлуката на Франција е нов пример на дискриминирање и маргинилизирање на муслиманите

1297489
Турција ја осуди одлуката на Франција во врска со забраната за носење шамија

Турција остро ја осуди одлуката на Сенатот на Франција со која се спречува забрадените мајки да учествуваат во училишните излети.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на МНР, Турција остро ја осудува одлуката на Сенатот на Франција со која се спречува придружувањето на забрадените мајки на децата за време на нивните училишни излети.

„Толкувањето на забраната за носење шамии како лица кои помагаат во услужниот сектор во суштина ги има за цел забрадените мајки кои ги придружуваат децата за време на излетите, а не лицата кои работат во услужниот сектор.

Ова е нов пример на дискриминирање и маргинилизирање на муслиманите од страна на Франција. Секако дека е неприфатлив овој став на Франција како од страна на Турците и муслиманската заедница кои живеат во оваа земја, така и од страна на Турција и другите земји кои што веруваат во универзални вредности.

Од голема корист ќе биде француските власти да преземат легални мерки во борбата против исламофобијата, наместо да преземаат сепаратистички интервенции против исламот и активностите кои ја разгоруваат исламофобијата и ги ограничуваат верските слободи. Прекршувањето на основните права и слободи од страна на земјите кои што во секоја прилика говорат за слободи, претставува еден друг пример на лицемерност и двоен стандард“ беше истакнато во соопштението.

„Предупредувањата на некои разумни членови на владата и пратеници во Сенатот на дискусиите во врска со грешката на предлог-законот  беа прифатени со задоволство. Сакаме да изразиме надеж и убедување дека Франција ќе изнајде сили да ги послуша предупредувањата и дека ќе се откаже од оваа грешка, а исто така Народното собрание на Франција ќе го одбие усвојувањето на предлог-законот“ беше подвлечено во соопштението.



Слични вести