Претседателот Ердоган го прими грузискиот премиер Георги Гахарија

Грузискиот премиер Георги Гахарија, во претседателската палата „Куллијето“ во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на потпретседателот Фуат Октај, а потоа беше примен кај претседателот Ердоган

1297956
Претседателот Ердоган го прими грузискиот премиер Георги Гахарија

Грузискиот премиер Георги Гахарија, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Турција.

Новиот грузиски премиер Гахарија кој својата прва надворешна официјална посета по стапувањето на должност ја остварува на Турција, во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на потпретседателот Фуат Октај.

Потоа гостинскиот премиер на Грузија Георги Гахарија беше примен кај претседателот Ердоган.

Приемот во претседателската палата „Куллијето“ беше затворен за медиумите.

 



Слични вести