Хулуси Акар им се обрати на војниците: Овде ништо не е завршено, секој момент може да се случи сé

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во градот Тел Абјад во Сирија не е завршено ништо и дека секој момент може да се случи сé

1297762
Хулуси Акар им се обрати на војниците: Овде ништо не е завршено, секој момент може да се случи сé

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар замина за градот Шанлиурфа каде што се состана со командантите кои учествуваат во операцијата Извор на мирот.

Министерот Акар на војниците во Тел Абјад со кои зборуваше преку токи-воки им се обрати со зборовите: „Овде ништо не е завршено, секој момент може да се случи сé. Затоа секој, во секој миг треба да биде спремен (во готовс).“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите кои во Командата на 3. пограничен полк во Акчакале добија брифинг во врска со активностите коишто се реализираат во рамките на операцијата Извор на мирот, овде ги посетија и беа во обиколка и на една командоска единица која учествува во операцијата.

Во говорот што го одржа овде министерот Хулуси Акар се осврна и на одбранбените и безбедносните прашања при што подвлекувајќи дека никако нема да се дозволи на било какво начин да дојде до формирање на терористички коридор во северниот дел на Сирија, рече: „Работиме деноноќно не само за правата и интересите на нашата земја, туку и да им се обезбеди безбедно и доброволно враќање назад на своите територии и на нашите сириски браќа. 

Тој нагласи дека единствена цел на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во Сирија се терористите и рече: „Ние како држава Република Турција никако не сме и нема да покажеме заинтересираност кон етничката, религиската припадност на никого.“

Велејќи дека исто така се настојува да се создаде перцепција од видот на тоа дека „Турските вооружени сили не водат борба против терористичката организација ДЕАШ“, министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се единствената армија која војува директно гради в гради против ДЕАШ и потсети дека со операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани повеќе од 3 илјади припадници на ДЕАШ, во северниот дел на Ирак приближно 7 илјади припадници на ДЕАШ, Турција го отвори својот воздушен простор за Меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, дозволи е да се користат базите и ја дава секој вид логистичка поддршка.



Слични вести