Ердоган: Со Грузија располагаме со односи коишто се развиваат во секоја сфера

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес конференција со грузискиот премиер Георги Гахарија истакна дека двете земји располагаат со односи коишто се развиваат во секоја сфера

1298107
Ердоган: Со Грузија располагаме со односи коишто се развиваат во секоја сфера

Грузискиот премиер Георги Гахарија, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во официјална посета на Турција.

Новиот грузиски премиер Гахарија кој својата прва надворешна официјална посета по стапувањето на должност ја остварува на Турција, во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на потпретседателот Фуат Октај.

Потоа гостинскиот премиер Георги Гахарија беше примен кај претседателот Ердоган.

Приемот во претседателската палата „Куллијето“ беше затворен за медиумите.

По деловниот ручек на кој учествуваа делегациите на Турција и Грузија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и грузискиот премиер Георги Гахарија одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде информира дека со издадената директива денеска до министрите за надворешни работи на двете земји во најскоро време ќе се свика Советот за стратешка соработка.

Ердоган рече дека верува оти стратешкото партнерство не само за двете земји, ќе вроди позитивни резултати и од аспект на регионот.

Велејќи дека "Со Грузија располагаме со односи коишто се развиваат во секоја сфера", Ердоган истакна дека оваа земја е најголемиот трговски партнер на Турција и дека на разговорите било одлучено да продолжи економската соработка со нејзино зголемување и да се покачи трговскиот обем на 3 милијарди долари.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека независноста, политичката стабилност и територијалниот интегритет на Грузија е од крајно значење за Турција и додаде дека на остварените разговори взаемно ја потврдиле и борбата против сите терористички организации кои целат кон Турција.

Грузискиот премиер Георги Гахарија пак, истакна дека неговата земја и придава голема важност на соработката со Турција по прашањето на енергетските коридори.

"Турција за Грузија значи врата којшто се отвора кон Европа. Би сакал да ви се заблагодарам за ставот што го покажувате за територијалниот интегритет и суверенитетот на Грузија." - рече Гахарија.



Слични вести