Претседателот Ердоган: Ако затреба ќе биде проширен просторот на безбедната зона

Претседателот Ердоган истакна дека најостро ќе се одговори на нападите коишто ќе дојдат надвор од безбедната зона и дека ако затреба ќе биде проширен просторот на безбедната зона во Сирија

1297215
Претседателот Ердоган: Ако затреба ќе биде проширен просторот на безбедната зона

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган истакна дека најостро ќе се одговори на нападите коишто ќе дојдат надвор од безбедната зона и дека ако затреба ќе биде проширен просторот на безбедната зона во Сирија.

„На оние кои мислеа дека со Турција ќе го направат истото она што го направија во Сирија, Ирак и Либија, им одговоривме влегувајќи во нивните дупки и уривајќи ги планините врз нивните глави, во кои имаа доверба.“ - рече Тој.

Велејќи дека Турција води една нова Војна за независност и чекор по чекор оди кон победа, претседателот Ердоган рече: „Уште од почетокот на операцијата Извор на мирот, од странство и поговото од страна на припадниците на терористичката организација во Европа се реализирани приближно 700 акции против нашата земја.“

„Повеќето се заедно со нас во НАТО, и повеќето од нив моментално се наши соговорници во Европската унија (ЕУ) со која преговараме (за членство). И покрај сето тоа новие акции се реализираат во нивните земји и под закрила на нивните полицајци. Оние кои не дозволуваат да се изговори ниту најмал збор и ниту најмал начин на однесување во полза на Турција, го покажуваат секој вид олеснување за да се шетаат симболите на терористичката организација ПКК по улиците на бнивните земји.“ - рече Ердоган.

Тој го подвлече и следното: „Во подрачјето на операцијата Извор на мирот исчистивме 558 населени места во простор од 4.219 квадратни километри, неутрализиравме над 900 терористи.“

Обраќајќи им се на земјите, а пред се на Европа од чија страна се поддржуваат терористичките организации, претседателот Ердоган ги употреби следните изрази: „Грешете. Знајте дека змијата на тероризмот која денес ја храните со сопствени раце, кога тогаш ќе се сврте и ќе ве касне и вас.“

Тој нагласи дека западните земји се грчат за да не би ги презеле терористите кои се нивни државјани и ја изнесе следната констатација: „Велиме 'Во ДЕАШ има ваши терористи. Ајде земе ги', вие бегате, не ги земате. Овие терористи ги одгледавте вие, зошто не ги земате? Не можат да ги земат. Зошто? Бидејќи, тоа малку е и прашање на карактерот.“

„Тие (западните земји) никогаш не биле покрај загрозените (оштетените) и угнетените, воопшто немаат и намера да фрлат еден таков чекор. Тие знаат само да убиваат, знаат само да продаваат оружје. Кога ќе им речеш нафта веднаш тргнуваат, се упатуваат кон нафтата, никако не се откажуваат од тоа. Бидејќи, една капка нафта за нив вреди колку пролеаната крв на илјадници луѓе, тие се во една таква структура.“ - додаде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести