Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес утре ќе престојува во посета на Турција

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, информира дека Генералниот секретар утре ќе допатува во посета на Турција каде што ќе учествува на Конференцијата за медијација во Истанбул

1296749
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес утре ќе престојува во посета на Турција

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес утре ќе допатува во посета на Турција каде што ќе учествува на Конференцијата за медијација во Истанбул.

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, на одржаниот редовен дневен брифинг за печатот го истакна следното: „Генералниот секретар во четврток (утре) ќе престојува во Истанбул кадешто ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и ќе учествува на Конференцијата за медијација.“

Фархан Хак, рече дека генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, за време на својот престој во Истанбул ќе ја посети и Технолошката банка којашто е формирана во Гебзе, а со цел поддршка на најмалку развиените земји.

 



Слични вести