Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд повикан во Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи го повика американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд во Министерството, во врска со усвоените два нацрт-закони против Турција

1296956
Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд повикан во Министерството за надворешни работи

Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд е повикан во Министерството за надворешни работи во врска со двата усвоени нацрт-закони во Претставничкиот дом (Конгресот) на САД.

Во објавеното сооопштение од турското министерство за надворшени работи се вели следното: „Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд е повикан во Министерството за надворешни работи во врска со усвоената нацрт-одлука од страна на Претставничкиот дом на САД за настаните од 1915 година којашто нема никаква историска и правна основа и усвојувањето на нацрт-законот со кој што се предвидува да бидат спроведени санкции врз нашата земја, изнесувајќи ја притоа како причина операцијата Извор на мирот.“ 

Инаку, Претставничкиот дом на САД едно по друго усвои два нацрт-закони против Турција.

Најпрвин, во Претставничкиот дом беше усвоена нацрт-одлуката со која се признаваат наводните ерменски тврдења во врска со настаните од 1915 година.

Освен тоа, Претсавничкито дом на САД го усвои и нацрт-законот со кој се предвидува да бидат спроведени некои санкции врз Турција, изнесувајќи ја притоа како причина операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција против сепаратистичко терористичката организација ЈПГГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија. 

 

 



Слични вести