Акар: Во голема мера е постигната согласност на меѓуделегациските воени разговори со Русија

Министерот за национална одбрана  Хулуси Акар истакна дека активностите со Русија за исчистување на северниот дел на Сирија од тероризмот продолжуваат на конструктивен начин и со взаемно разбирање

1297174
Акар: Во голема мера е постигната согласност на меѓуделегациските воени разговори со Русија

Министерот за национална одбрана  Хулуси Акар истакна дека меѓуделегациските воени разговори со Русија се завршени и дека во голема мера е постигната согласност.

Акар напомена дека активностите со Русија за исчистување на северниот дел на Сирија од тероризмот продолжуваат на конструктивен начин и со взаемно разбирање. 

„Меѓуделегациските воени разговори со Русија завршија. Во голема мерка е постигната согласност. Нашите заеднички активности продолжуваат на конструктивен начин и со взаемно разбирање.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така покажа реакција и против усвојувањето во Претставничкиот дом на САД на нацрт-одлуката за признавање на наводните ерменски тврдења во врска со настаните од 1915 година и усвојувањето на нацрт-законот за спроведување санкции врз Сирија изнесувајќи ја притоа како причина операцијата Извор на мирот која што се релизира против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.

„Ова е спротивно на духот на сојузништо, на нашите работи во Сојузот, е крајно спротивно на напшите заеднички вежби. Верувам дека Американците кои размислуваат слободно и независно ќе го одвратат Конгресот од оваа негова одлука и ќе го спречат да тргне по погрешен пат“. - рече Акар.



Слични вести